Посетата беше дел од неговата тридневна турнеја во Македонија и Бугарија и тоа претставуваше прва посета на еден поглавар на Римокатоличката црква на државава.
На скопскиот аеродром, папата беше пречекан од тогашниот претседател на државата Ѓорге Иванов и од тогашниот премиер Зоран Заев, а со највисоки државни почести беше пречекан и во претседателската вила на Водно.
На плоштадот Македонија во Скопје се одржа централната прослава на која присуствуваа околу 15 илјади луѓе и 300 новинарски екипи, папата Франциско служеше понтификална света литургија.
Папата ја посети и Спомен куќата на Мајка Тереза, која во 2016 година од страна на Ватикан беше прогласена за светица.
Посетата на папата Франциско се одвиваше под силни безбедносни мерки и со посебен сообраќаен режим.
Посетата на поглавот на Римокатоличката црква се поклопи со одбележувањето на 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи на Македонија со Ватикан.