вторник, 9 декември 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Заврши времето на матни тендери во енергетиката

Заврши времето на матни тендери во енергетиката, СДС да се помири дека државата оди напред. Ветерниот парк во Штип, Карбинци и Радовиш е најголема енергетска инвестиција од осамостојувањето до денес. 500 милиони долари ќе влезат во државата, а СДС наместо да се радува лее солзи, се вели во реакцијата на  ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ за најавената инвестиција на „Алказар енерџи“.

Објавено на

часот

Сподели

„Многу скоро од денес, Македонија од увозник на струја, ќе стане извозник. Владата ја обезбедува енергетската сигурност на државата.

Иднината во Македонија ќе биде сигурна, сите ќе живееме во држава која ги има сите придобивки на 21-от век. А, СДС слободно може да останат со реториката во минатиот век, народот тоа го гледа и ќе ги избрише на следните избори“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ