недела, 13 јули 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Заев му ги издиктира на Филипче кандидатите на СДС за локалните избори

Ова не се кандидати на партиската база на СДС, туку тоа се кандидати на Заев издиктирани на Филипче, оценуваат од ВМРО-ДПМНЕ по објавувањето на изборот на 19 кандидати за градоначалници од страна на СДСМ за претстојните локални избори.

Објавено на

часот

Сподели

„Ова се кадри на другарите на Заев со кои убедливо ќе загуби и на овие локални избори. Луѓе од истата матрица која тепа жени како советникот на Филипче во Кочани, која измислува без докази и клевети, креира хаос и тоне во безидејност.

Нема ниту еден кредибилен предлог за градоначалник и ниту еден кадар кој претставува додадена вредност.

Заев му издиктира на Филипче кадри кои ќе загубат на изборите, обременети со скандали и приказ на хаосот во СДС“, се наведува во првата реакција на ВМРО-ДПМНЕ на изборот на кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ