Акцијата ќе се одвива во сите општини, во временски период од 17 до 21 часот, каде што на плоштадите или прометните локации во истите ќе бидат поставени штандови каде граѓаните на посебен формулар ќе имаат можност да ја напишат идејата која сакаат да ја видат реализирана како проект од идните градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ.
Во истиот овој временски интервал ќе бидат отворени и сите штабови низ државата, каде членовите на партијата и граѓаните, исто така, ќе може да ја дадат својата идеја или предлог за проект.
Освен директниот и непосреден начин, граѓаните ќе имаат можност, своите идеи и предлози за проекти, да ги поднесуваат и по електронски пат.
За анализата и преточувањето на идеите и предлозите во изборни проекти, ќе биде задолжен тим од ангажирани експерти, професори, истакнати личности од скоро сите струки, како и политичари од партијата со долгогодишно искуство.
Задача и обврска на овие експерти ќе биде, потребите на граѓаните да ги преточат во конкретни проекти, со финансиска рамка и рок на реализација.
Нашите очекувања се масовен одзив на граѓаните, се со цел што е можно подетални и содржајни програми со проекти кои извираат директно од нив, нивните потреби и кои ги решаваат нивните проблеми“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.






