четврток, 11 декември 2025

ВМРО-ДПМНЕ за изјавата на Филипче: Просечната плата пораснала двојно повеќе од времето кога СДС беше на власт

Венко Филипче одамна изгубил чувство за реалноста, очигледно некаде по првиот тендер како министер за здравство, но сега откако беше на јахтата на Заев и тоа малку што го имал го нема, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на претседателот на СДСМ Венко Филипче. Тој го обвини премиерот Мицкоски дека го запрел убавиот живот од времето на СДСМ кога почнал растот на платите кој сега бил запрен од владата на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Објавено на

часот

Сподели

Растот на просечната нето-плата во период од последната година кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт е 10,3%, за разлика од периодот кога СДС беше на власт, кога просечната плата порасна за 8,3%.

Уште поголем удар за СДС е фактот што реалниот пораст на просечната плата во период на ВМРО-ДПМНЕ е двојно поголем од периодот на СДС. Имено порастот на реалната плата во време на ВМРО-ДПМНЕ е 6,7%, за разлика од 3,5% во време на СДС. Тоа значи дека стандардот на граѓаните сега, е поголем од времето кога СДС беше власт.

Кога сме кај инфлацијата, и таму бројките се лоши за СДС. Имено во време на СДС инфлацијата во просек изнесувала 4,8%, за разлика од сега кога во просек е 3,6%.

СДС и Филипче може да лажат колку сакаат, но едно не можат да сменат, а тоа е реалноста“, реагираше ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче изјави дека пред еден од најтешките месеци во годината, граѓаните се соочени со суровата економска реалност- сè е поскапено, а платите стагнираат.

„ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски свесно ги туркаат граѓаните во сиромаштија. Ја прекинаа спиралата на раст на платите што ја започна СДСМ. Инфлацијата од 4,8% секој месец го јаде животниот стандард – граѓаните живеат полошо.

Мицкоски се фали со бројки и проценти за наводен раст на платите. Вистината е дека реалната плата, онаа што навистина значи нешто за секое семејство во јуни порасна само 3,8%, за разлика од лани со економските политики на СДСМ растот беше 11%. За прв пат по долго време, имаме пад на просечната плата во споредба со претходниот месец. Ова е аларм што не смее да се игнорира. Синдикалната потрошувачка кошничка за август изнесува над 65.000 денари. Дури и две минимални плати не се доволни за да се преживее месецот. Македонија се претвора во земја на сиромаштија и неизвесност. СДСМ знае како да ја врати стабилноста и достоинството на граѓаните. Нема да отстапиме од предлозите за покачување на платите во сите сектори, зголемување на минималната плата на 500 евра, намалување на цените преку укинување на ДДВ за основните прехранбени производи. Битката за поголем приход е битка за достоинствен живот”, објави Филипче.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ