среда, 10 декември 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Во новата година граѓаните се пред избор да гладуваат или да се смрзнуваат

Објавено на

часот

Сподели

„Дополнително, со покачувањето во третиот блок сметките ќе пораснат за 120 денари во просек, што значи дека од јануари граѓаните ќе плаќаат по 400 денари повеќе за струја. Ако на ова додадеме дека во изминатите 7 години електричната енергија е поскапена за дополнителни 50% ќе добиеме целосна слика за неспособноста и неодговорноста на оваа власт на ДУИ и СДС. Народот е принуден да избира дали да гладува или да смрзнува, додека функционерите на власта прават криминал со народните пари, особено во енергетскиот систем.
Со ова поскапување на удар ќе бидат граѓаните, нивниот стандард и нивните семејни буџети. Ако досега едвај врзуваа крај со крај, со новите повисоки цени на електричната енергија животот на граѓаните ќе биде уште потежок. Да потсетиме дека околу 600.000 граѓани живеат на работ на сиромаштијата, а 80 илјади во екстремна сиромаштија. Сега овие семејства ќе треба да делат од устата на своите деца, за да платат поскапи сметки и тоа ќе придонесе уште повеќе да расте сиромаштијата во Македонија.

Со секој поминат ден со оваа власт се потврдува дека Никогаш не било полошо. Затоа, важно е да ги поразиме“, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ