Во Струмица резултатот е за ВМРО-ДПМНЕ 3.460 гласа, за СДСМ 1.967, во Гевгелија резултатот е 2.549:890, во Илинден 4.232 гласа за ВМРО-ДПМНЕ, за СДСМ 423 гласа, во Бутел 4.833:749, а ДУИ доби 2,017 гласа, во Гази Баба 5.418:1.611, а Левица тука доби 1.203 гласа, во Кисела Вода 2.736:833, Ѓорче Петров 6.069:2.144, Аеродром 3.582:1.510, Битола 4.391:1.497, а Поинаку 1.533..
Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ изјави дека во првиот круг ќе победат и ќе добијат градоначалници во Кисела Вода, Гази Баба, Ѓорче Петров, Аеродром, Охрид, Ресен, Градско, Василево, Радовиш, Штип, во Струмица, Босилово, Ново Село и Вевчани и Прилеп. Тој вели дека се ова прелиминарни резултати од Аналитичкиот центар на партијата.
Милошоски истакна дека првпат по 20 години ВМРО-ДПМНЕ ќе добие градоначалник во Струмица. Тој рече дека за Град Скопје очекувањата се дека нивниот кандидат Орце Ѓеорѓиевски ќе има убедлива предност и дека можеби неколку илјади гласови ќе одлучуваат дали тој ќе победи во првиот круг од изборите.
Од партискиот штаб информираат и за победа во Василево – ВМРО-ДПМНЕ 3.558: СДСМ 996, Босилово 2.183:614, Градско 1.248:402, Карбинци 1.146:413, Јегуновце 2.741:634, Делчево 3.458:1.089, Велес 11.621:2.504.






