среда, 23 јули 2025

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека в.д. градоначалникот на Кочани ја загрозува јавната безбедност

Во тек е оглас за ангажирање на 400 нови пожарникари во рамки на големата државна мерка за јакнење на Противпожарните единици. Обезбедени се 43 специјални интервентни возила за брза реакција на терен. Но, една од ретките општини што одбила да учествува во оваа мерка е токму Кочани – затоа што Венко Крстевски  не се ни пријавил на повикот на Владата!, тврдат од општинската организација на ВМРО-ДПМНЕ од Коцани во објавата на нивната официјална фејсбук страница. Ние сме во постојана комуникација со дел од родителите и семејствата на трагично загинатите и како Влада ќе сториме се што е во наша моќ, да го ослесниме животот на тие семејства, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски, кој одговараше на новинарско прашање за последното барање на родителите на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, а во кое се бара институционална и финансиска поддршка. Во меѓувреме, Ротари клуб Кочани – Виница отвори Ротари Феникс центар во Кочани кој е посветен на младите и семејствата од пожарот во ноќниот клуб во кој загинаа 62 лица, а околу 200 беа повредени.

Објавено на

часот

Сподели

Ова е срамно и неодговорно однесување. Наместо да обезбеди повеќе опрема, човечки ресурси и сигурност за граѓаните, в.д. Венко свесно работи против сопствената Територијална противпожарна единица. Граѓаните со право прашуваат: кому му служи – на народот на Аки Акиов или на сопствените инаети и интереси? Да потсетиме, истиот овој в.д. градоначалник беше против и отворањето на државниот Центар за рехабилитација на Пониква, сега повторно кочничар – но овојпат на сметка на јавната безбедност и заштитата од пожари! Ова не е само административен пропуст. Ова е чин на директна штета за граѓаните на Кочани. Наместо нови вработувања, нова опрема и модерна служба – поради неспособноста на Венко , Кочани повторно останува со врзани раце пред секоја летна закана од пожари. Време е за одговорност. Време е за промени. Кочани заслужува раководство кое ќе се грижи, а не ќе попречува“, велат од ВМРО-ДПМНЕ Кочани.

Ние сме во постојана комуникација со дел од родителите и семејствата на трагично загинатите и како Влада ќе сториме се што е во наша моќ, да го ослесниме животот на тие семејства, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски, кој одговараше на новинарско прашање за последното барање на родителите на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, а во кое се бара институционална и финансиска поддршка.

Тој додаде дека како Влада се во постојана комуникација  и со дел од повредените и семејствата на дел од повредените.

„ Сѐ што треба како Влада ќе сториме за да го олесниме нивниот живот и нивното опоравување“, рече Мицкоски.

Прашан дали има нешто конкретно околу барањето на родителите на загинатите, кое го доставија минатата недела до него, како и до претседателот на Собранието, Африм Гаши и до претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давковка, премиерот Мицкоски одговори дека таквото барање сѐ уште не е пристигнато до него.

„Јас не сум добил такво барање, разговараме има повеќе барања тековно ги решаваме тие барања итн. и ве молам да го задржиме достоинството. Затоа што се изгубени човечки животи и тоа да се конвертира во пари не би сакал да одговарам на такви прашања“, изјави Мицкоски.

Во меѓувреме, Ротари клуб Кочани – Виница отвори Ротари Феникс центар во Кочани кој е посветен на младите и семејствата од пожарот во ноќниот клуб во кој загинаа 62 лица, а околу 200 беа повредени.

„Феникс Центарот нуди широк спектар структурирани активности насочени кон заздравување, раст и зајакнување. Ова вклучува неделни сесии со психолози, развој на емоционална интелигенција и креативни работилници за уметност, пишување и видео. Културната и социјалната вклученост се поттикнуваат преку филмски проекции, акустични концерти и настапи на стендап комичари. Едукативните и развојни компоненти вклучуваат менторство за ученици, професионална ориентација, предавања за здрав начин на живот, јога и звучна медитација. Програмата нуди и поддршка за родители, разговори со инвеститори и рекреативни патувања за враќање на самодовербата и градење заедништво“, информираат организаторите.

Претседателката на Ротари клубот Кочани – Виница, Ангела Соколова вели дека Ротари клубот е целосно посветен на поддршка во закрепнувањето на последиците од пожарот.

„Овде сме да донесеме нова надеж на младите во Кочани. Сакаме да ја вратиме светлината во нашиот град. Ротари Клубот е целосно посветен на поддршка во закрепнувањето, а истовремено Ротари Феникс Центар е и место за сеќавање на изгубените ангели“, вели Соколова.

Ротари Феникс Центарот стана реалност благодарение на поддршката низ целиот Ротари Дистрикт 1912, предводен од досегашниот гувернер Мирослав Штравс, досегашната координаторка на Сојузот на Ротари Клубови во Македонија, Елена Панова, ротари клубовите и поединците. Штравс ќе го наследи Матјаж Новак.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ