понеделник, 8 декември 2025

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека членови на ДИУ и СДСМ намерно ги подметнуваат пожарите на депониите

„Злосторничкото здружение ДУИ–СДС, неможејќи да го прифати фактот дека се поразени и дека граѓаните ја враќаат државата на прав пат, прибегнува кон најопасни и криминални методи. Наместо политики, подметнуваат чад и отров палејќи ги скопските депонии“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на

часот

Сподели

„Откако не им успеа подметнувањето на пожарите ова лето низ селата и градовите во Македонија, сега се одлучија за нов, последен очајнички потег: палење на депониите во Скопје со цел да предизвикаат страв, незадоволство и хаос меѓу граѓаните. Со тоа не само што прават тешко кривично дело, туку свесно го уништуваат и здравјето на скопјани, што е политичко безобразие од најекстремен вид. Да потсетиме: со години СДС и ДУИ управуваа со Дрисла и Вардариште. Тие ги поставуваа директорите, тие водеа политики, тие ветуваа фабрика за селекција на отпад, зелена зона и чист воздух. Сè остана само на хартија. Единствено што оставија зад себе е смет, диви депонии и труење на луѓето“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачката партија додаваат дека спротивно на тоа, скопските градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ веќе четири години реализираат конкретни проекти за чистење и уредување на јавните површини, за воспоставување систем за селекција на отпад и за зајакнување на јавната хигиена.

Владата во изминатата година започна процес на темелна ревизија на целата еколошка политика и подготви нови проекти за модернизација на „Дрисла“, за затворање на дивите депонии и за воспоставување европски стандарди за управување со отпад. Тоа е вистинската разлика меѓу криминалното наследство на СДС–ДУИ и одговорниот пристап на ВМРО-ДПМНЕ.

И тука се наметнуваат следниве прашања:

1.  Како тоа баш пред локални избори почнаа да „горат“ депониите?

2. Како тоа токму сега „Дрисла“ почна да загадува и да гори отпад?

3. Дали постои организирана структура зад ова?

Затоа ВМРО-ДПМНЕ повикува Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство итно да спроведат темелна истрага за инволвираноста на овие структури во намерното палење на депониите. Денес, наместо да одговараат за националните порази и еколошките катастрофи што ги предизвикаа, тие повторно се обидуваат да ја запалат вистината и да го задушат Скопје. Граѓаните добро знаат: вистинската еколошка катастрофа се вика СДС–ДУИ“, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ