„За да ги потсетиме, токму тие во време на Зоран Заев како премиер и кога градоначалник на СДС во Скопје, во Драчево, улица е преименувана во Азем Морана, откако претходно се викала Јустинијан Први.
СДС говори за македонска државност, а во нивно време се променија и името, и знамето и Уставот на Македонија. Ги распродаваа државните интереси на кој стигнат за ден повеќе власт. Затоа граѓаните не им дадоа доверба и тонат секојдневно се повеќе.
Подлоста на СДС оди во невидени размери, а ние како ВМРО-ДПМНЕ сме вчудоневидени на нивното однесување“, реагира ВМРО-ДПМНЕ.






