сабота, 13 декември 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски наместо да ја штити безбедноста на граѓаните, ја загрозил

Оливер Спасовски наместо да се грижи за безбедноста на граѓаните и да ја гарантира тој ја загрозил безбедноста на граѓаните, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ

Објавено на

часот

Сподели

„Спасовски не ги презел мерките што бил должен да ги преземе, и поради ваква негрижа Македонија денес се соочува со последици кои никогаш не смееле да се случат. За станицата за технички преглед во Сарај постоел официјален извештај со утврдени нерегуларности, но Спасовски не го одзел нејзиното овластување навремено. Наместо да реагира во предвидениот законски рок, тој чекал цели три месеци со што и овозможил на фирмата да оствари незаконски профит од 5,5 милиони денари. Уште потрагично е што екс министерот Спасовски постапил 3 дена по трагедијата во Бугарија, во која животот го загубија 45 лица а автобусот на Беса Транс вклучен во несреќата, го имал техничкиот преглед токму во оваа станица во Сарај“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата прашуваат дали трагедијата ќе можела да се спречи доколку Спасовски реагирал на време?

„Дали Спасовски имал некаков договор со фирмата поради што ја игнорирал законската постапка? Дали Спасовски чувствувал вина за несреќата па по три дена ја одзел лиценцата? Вакви тешки институционални пропусти не смеат да се повторуваат. Јавноста мора да знае кој стоел на позицијата задолжена да ја гарантира безбедноста на граѓаните, а тоа не го правел. Правда и одговорност мора да има“, се завршува во реакцијата на партијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ