„Дури 2.000 тони јачмен и пченица во државна вредност од 800.000 евра биле отпишани од залихите, по насока на истото трио, додека на граѓаните им велеа – сè е под контрола.
За да не се забележи кусокот од 2.000 тони јачмен и пченица, тие веднаш потоа прават 2 тендери со една соседна држава за 20.000 тони пченица и јачмен за да ги пополнат дупките во залихите.
Со овие два тендера, Заев, Филипче и Николовски сметале дека ќе се покријат недостатоците во стоковите резерви, а јавноста истото ќе го заборави“, наведува Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата нагласуваат дека тие 800.000 евра пари на граѓаните завршиле во џебовите на Заев, Филипче и Николовски, а 2.000 тони јачмен и пченица, на црн пазар во друга држава.
„И наместо оградување и дистанцирање, СДС и натаму си ги штити своите криминалци. Затоа СДС ќе пропаѓа, гласачите ќе се намалуваат, а членовите ќе им заминуваат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.






