Бујар Османи денес е ништо друго освен последниот портпарол на криминалниот картел кој граѓаните го препознаа. Но, неговата одбрана е залудна. Нема повеќе политичко мешетарење, нема пазари зад грбот на народот.
Во октомври ќе има јасна пресуда, пресуда на граѓаните кои ќе ги испратат картелот на СДС и ДУИ во политичка пензија, а правдата ќе биде задоволена. Зошто таа има име и презиме, а одговорноста мора да се испорача“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.






