недела, 28 декември 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Седењето на ДУИ во опозиција не е поттик за етнички судир

ДУИ продолжува со манипулации и со злоупотреба на меѓуетничките односи за да ја прикрие вистината – дека нивното место во опозиција е резултат на демократската одлука на граѓаните, пишува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на ДУИ.

Објавено на

часот

Сподели

Изјавите на премиерот Мицкоски не се закана, туку потврда дека Македонија влегува во нова ера на еднаквост и правда, каде што нема недопирливи и привилегирани, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Она што ДУИ го нарекува ‘поттик за етнички судир’ е всушност крајот на нивното 20-годишно владеење со корупција, клиентелизам и злоупотреба на етничката карта за лични привилегии. Секој граѓанин – Македонец, Албанец, Турчин, Србин, Влав, Ром или Бошњак – заслужува држава со силни институции и еднакви можности. Тоа е патот по кој Владата чекори. ДУИ треба да разбере: демократијата значи почитување на волјата на народот. А волјата на народот е тие да седат во опозиција“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ