„Граѓаните и во бастионот на СДС јасно им кажаа ‘не’ на нивните политики. Венко Филипче ни помалку ни повеќе ја направи СДСМ трета партија, а по општини гледано некаде и четврта“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека СДСМ не успеала да го заземе ниту второто место, односно во повеќе општини е трета или четврта, меѓу кои ги наведуваат Битола, Брвеница, Бутел, Дебарца, Карпош, Кисела Вода, Кочани, Македонски Брод, Могила, Долнени, Куманово, Шуто Оризари и Скопје.
„Резултатите од првиот круг избори јасно покажуваат дека СДСМ предводена од Венко Филипче и неговиот струмички гуру Зоран Заев покажаа целосна безидејност и немање на никакви проекти, односно ништо не им понудија на граѓаните, со што се потврди нивната грижа само за нив лично“, се наведува во соопштението.
Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека резултатите од овие избори целосно го декласирале Венко Филипче, и додаваат дека „единствениот добар и користен потег што може да го направи за народот и за самата СДСМ е да си поднесе оставка“.






