„СДС блефира и свесно бара нешто што е невозможно да се направи ако сакаме да постои правна постапка. Ваквиот однос само ги јакне сомнежите дека тие стојат зад нарачките за следење и прислушкување,“ наведуваат од партијата.
Според ВМРО-ДПМНЕ, декласификација на документи може да се врши исклучиво согласно закон и тоа во судска постапка, по барање и одлука на надлежните органи. Од таму потсетуваат дека сите информации за незаконското работење во АНБ веќе се доставени до Јавното обвинителство, кое е единствено надлежно за натамошно постапување.
Во соопштението се упатуваат и остри критики кон потпретседателот на СДСМ, Венко Филипче, за чии изјави ВМРО-ДПМНЕ оценува дека се „иронични и недолични“.
„Со оглед на чувствителноста на темата, неопходно е да се почитуваат строго пропишаните процедури. Утврдувањето на одговорност и евентуално кривично гонење е во надлежност на обвинителствата и судовите, а не на СДС,“ порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.






