„Целата организација и логистика на таканаречениот синдикален протест беше во рацете на лица од општинските организации на СДС. Но, на крајот, и ССМ и СДС доживеаја фијаско и автобусите до Скопје патуваа празни.
Тоа е јасен доказ дека СДС и ССМ се прочитани и дека дури ни нивните членови не им веруваат. Исто така, се докажа дека работникот не го поддржува овој политички театар на ССМ во координација со СДС.
Ова ССМ на чело со Слободан Трендафилов свесно се стави во служба за заштита на интересите на СДС, а не во заштита на правата на работниците.
Неколкутемина во врвот на ССМ со Трендафилов на чело работат директно во интерес на СДС и нивните политики, а нивната крајна цел е да ѝ наштетат на Владата, која посветено работи и дава максимални напори за да овозможи подобри услови и повисоки плати за сите.
Меѓу ССМ и СДС нема разлика и затоа сè повеќе вистинските работници, кои се членови на синдикатот, се прашуваат дали се дел од синдикално здружување или од политичката партија.
Но она што многу добро работниците го знаат е дека и СДС и ССМ не работат во нивен интерес и не ги штитат нивните права.
Вистинскиот партнер на работникот и на сите граѓани останува ВМРО-ДПМНЕ, што со конкретни мерки и политики го подобрува животниот стандард, во континуитет ги зголемува платите и ја зацврстува економијата“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.






