среда, 11 февруари 2026

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Ковачевски и Спасовски свесно создадоа хаос

Владата на СДС и Димитар Ковачевски свесно создадоа хаос со промена на патните  исправи. Првото понижување владата на СДС и Ковачевски го направи со промена на уставното име. Потоа, со промената на личните документи, а сега и со тоа што Република Грција го информира светот дека патните исправи на граѓаните од Македонија од 12 февруари се неважечки, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на

часот

Сподели

Владата на СДС и Ковачевски ја понижија државата и граѓаните каде стигнат. Ова ли е проевропска вредност, да ги малтретираш сопствените граѓани да си ги менуваат патните исправи и да им создаваш дополнителни трошоци?

Дополнително, вина за ваквата состојба има и тогашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски кој свесно ја остава МВР без обрасци, за народот да се револтира.

Кога ВМРО-ДПМНЕ информираше дека недостасуваат обрасци, Спасовски и Ковачевски нè обвинуваа дека манипулираме со јавноста, за денеска да се испостави дека единствени што лажат и манипулираат се токму тие од СДС.

Мора да се стави на овој хаос. Колку побрзо заминат СДС и ДУИ, толку подобро. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ