недела, 14 декември 2025

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ се сламката за спасот на Коцевски

СДС со последни сили се бори да си ги спаси од одговорност криминалците во своите редови. И во оваа борба е во соработка со нивниот некогашен владин коалициски партнер, а сега опозициски партнер, ДУИ. Вчера здружно застанаа на браникот да го спасат јавниот обвинител Љупчо Коцевски, на кого веќе му е изгласана интерпелација во македонското Собрание. Сега на сите ни е јасно, зошто никој од СДС и ДУИ не е во затвор по обвинение на Основното јавно обвинителство, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на

часот

Сподели

Сламката на спасот за Коцевски е СДС и ДУИ, за после тој да продолжи да им ги спасува и штити криминалот. Со вчерашното собраниско гласање, односно негласањето на СДС и ДУИ за интерпелацијата на Коцевски, станаа јасни и други работи.

Сега веќе е јасно кој ја мати водата за трагедијата во Кочани. Истите оние кои претпладнето правеа пресови за Кочани, не беа задоволни од истрагата и обвинуваа за селективност, сега сметаат дека Коцевски добро си ја работел работата.

ДУИ и СДС се штитникот на Коцевски. Така тие си го штитат криминалот на Венко Филипче и Зоран Заев, исто како и на Али Ахмети. Затоа и покрај јавно објавените индиции и докази за вмешаност во криминал и корупција на Филипче, Заев, на речиси цела фамилија на Ахмети, нема никаква истрага или постапка од обвинителството.

Сите се сѐ уште на слобода, без никакви кривични пријави, да си ги шират бизнисите од криминално стекнатите пари.

На Македонија ѝ треба независно и непристрасно Јавно обвинителство, отпорно на политичко влијание, кое ќе ги гони сторителите на криминал и корупција, а не обвинителство во служба и заштита на криминалот и криминалците од СДС и ДУИ“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ