вторник, 9 декември 2025

ВМРО-ДПМНЕ: СДС го запушти Дојранското Езеро, системот Ѓавато сега функционира и ќе се модернизира

Хидросистемот Ѓавато и проектот за спас на Дојранското Езеро се проект на ВМРО-ДПМНЕ. Сè до сега што било направено во системот е од некоја од владите на ВМРО-ДПМНЕ, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на СДСМ, на која се алармира дека Дојранското Езеро пресушува, а Владата го запуштила хидросистемот за негово полнење, Ѓавато.

Објавено на

часот

Сподели

„СДС, 7 години целосно го имаше запуштено системот со натрупани долгови. Сега системот функционира и ќе продолжи да функционира. Работиме на санирање на штетите кои што ги остави СДС. Системот во иднина ќе трпи и модернизации и инвестиции. Животната средина е приоритет на ВМРО-ДПМНЕ“, одговорија од прес-службата на ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата на СДСМ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ