четврток, 26 февруари 2026

ВМРО-ДПМНЕ: СДС го штитат Артан Груби, нивни функционери се плашат од неговите искази

Објавено на

часот

Сподели

„Изјавата на потпретседателката на СДС, Јованка Тренчевска, дека одлуките на Владата биле колективни и дека доколку се утврди вина ‘сите треба да одговараат’, отвора сериозни прашања. Дали ова претставува индиректно признавање на одговорност? Дали станува збор за обид за релативизирање на индивидуалната вина?

Дали СДС застанува во одбрана на Артан Груби и дали раководството на партијата е подготвено да понесе колективна одговорност за одлуките донесени во време на нивното владеење?

Јавноста има право да знае. Дали СДС го брани Груби во врска со наводите за штета од над 8 милиони евра врз државниот буџет?

Дали поранешните функционери се подготвени да застанат пред органите на прогонот и да ја докажат својата невиност? Зошто по отворањето на случајот се менуваат ставовите и реториката?

Очекуваме надлежните институции да постапуваат професионално, транспарентно и без селективност. Одговорност мора да има, без разлика на функција, партиска припадност или политичко влијание. Граѓаните заслужуваат правда, отчетност и целосна транспарентност“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ