„СДС сè уште не смогна сили да се огради од мали Фрчко и да побараат истрага од институциите. СДС продолжува да молчи и со тоа да го брани Јон Фрчкоски, кој видовме од фотографии на социјалните мрежи, како шмрка кокаин на маса. Дали СДС и Венко Филипче со своето молчење го оправдува однесувањето на Јон Фрчкоски и дали СДС и Венко сметаат дека Јон треба да одговара?
Дали СДС и Венко Филипче, ќе побараат одговорност за нивниот партиски миленик, кој се гледа од фотографиите како шмрка кокаин на работно место. Исто така, надлежните институции треба да постапат веднаш и да проверат кога Јон го користел кокаинот, дали кога бил помошник директор во ПУИГ или кога бил на партиска функција во СДС?
Се поставуваат и други прашања, дали тој сам ја користел дрогата, дали ја користел на работно место во ПУИГ, од каде ја купил дрогата, дали можеби и тој продавал кокаин и дали таа влијаела во носењето на одлуки во ПУИГ?
СДС и Венко Филипче веќе неколку денови молчат по ова прашање. Ниту побараа одговорност, ниту го осудија шмркањето на Јон Фрчкоски. Системот мора да го промениме сите заедно, а не да продолжиме како до сега. Одговорност мора да има“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.