недела, 8 јуни 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Само на Филипче и на СДС им пречи договорот со Велика Британија

Фото: Роберт Атанасовски

Објавено на

часот

Сподели

„Филипче и СДС се уплашени од успехот на Владата за стратешкиот договор меѓу Македонија и Велика Британија и затоа манипулираат, ја дезинформираат јавноста и шират лажни вести.

Политички очаен потег е Филипче да ја напаѓа Велика Британија и шири инсинуации во врска со договорот.

Со Договорот за стратешко партнерство Влада со Влада, се одбележува нова ера во односите меѓу Македонија и Обединетото Кралство и претставува пресвртница во стратешко инвестициско партнерство меѓу двете земји.

Договорот со Обединетото Кралство е важен поради најмалку две причини.

Прво, Договорот има стратешко и политичко значење и овој вид на стратешко партнерство и пријателство за Македонија ќе го вратат достоинството на државата и трасираат патот на стабилноста, безбедноста и развојот.

Второ, во економска смисла има рамка која што на располагање ни овозможува околу 6 милијарди евра, или околу 5 милијарди фунти.

Со потпишувањето на овој документ, на Македонија ѝ се ставаат на располагање 6 милијарди евра за финансирање на капитални проекти во повеќе стратешки сектори. Ќе започне нов силен циклус на економски раст.

Филипче, наместо да ги навредува и критикува партнерите на Македонија и шири небулози во јавноста, треба да се извини. Заврши времето на распродавање на државните интереси. СДС е синоним за криминал, корупција и предавства“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ