„Низа системски слабости од нефункционални финансиски контроли во бифеата, преку проблематични вработувања, до несоодветно управување со државниот имот, откриле државните ревизори во работењето на Службата за општи и заеднички работи за време на владеењето на СДС и Пеце Мирчевски. Ексдиректорот на СОЗР, Пеце Мирчевски, ја пренатрупал службата со партиски кадри без соодветно образование и сертификати“, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ.
Цитирајчи делови од Извештајот на ДЗР, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека во 2024 година биле исплатени 3.274 илјади денари за 21 привремено ангажиран човек, од кои дел извршувале редовни работни задачи, вклучително и раководни функции.
„Ревизорите укажуваат дека овие позиции законски бараат високи стручни квалификации и сертификати, а предупредуваат и дека големиот број привремени ангажмани, честата кадровска флуктуација и недоволното вложување во обука претставуваат ризик за континуитетот и квалитетот на услугите. Мирчевски е синоним за недомаќинско работење, аздисаност и празнење на државните сметки. Миречевски има низа пропусти и скандали позади себе. Јавното обвинителство исто така имаше отворено предмет за поранешниот директор на СОЗР кадар на СДС, Пеце Мирчевски, кој добил автомобил од фирма добитник на тендери“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму обвинуваат дека СДСМ е партија каде нејзините функционери додека биле на власт, наместо за државата и интересите на граѓаните, работеле исклучиво за личен профит и профит на блиски лица до врхушката на оваа опозициска партија.






