четврток, 29 мај 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Работниците се темелот за иднината на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на нови економски политики и подобрување на стандардот, работниците се темелот за иднината на Македонија, велат од партијата во честитката по повод Меѓународниот ден на трудот, упатена до граѓаните.

Објавено на

часот

Сподели

„Овој ден е симбол на борбата за работничките права. ВМРО-ДПМНЕ останува посветено на создавање нови економски политики кои ќе овозможат отворање на нови работни места, подобрување на стандардот и креирање општество во кое секој граѓанин ќе има можност за напредок и просперитет. Нека овој ден биде поттик за сите, за продолжување на заложбите кон градење посилна поправедна и поуспешна Македонија. ВМРО-ДПМНЕ го оддава заслуженото признание на сите работници. Нивната посветеност труд и истрајност се темелот врз кој се гради иднината на Македонија. Честит празник!“, се вели во партиската честитка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ