среда, 7 мај 2025

ВМРО-ДПМНЕ прашува како класифицирани документи се нашле кај ексминистерот Битиќи

Фатмир Битиќи во изјава за медиуми во врска со грабежот во неговиот дом кажа дека му е одземена папка со класифицирани документи. Го прашуваме Фатмир Битиќи и СДС да кажат кои се тие класифицирани информации кои му се украдени, и како се нашле во негов посед? Дали станува збор за највисоки државни тајни, и како и зошто истиот тој ги чувал во својот дом?, прашуваат на прес-конференција од ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на

часот

Сподели

„Државните функционери немаат право да ги изнесуваат државните тајни и класифицирани документи од институциите во кои тие се наоѓаат и каде се заштитени. СДС да каже дали изнесувањето на класифицирани информации од институциите со кои управувале е партиска пракса и насока?

И СДС и Фатмир Битиќи веднаш да ги известат органите за каков вид на документи станува збор. А граѓаните дали со кражбата на тие документи е загрозена Македонија. СДС и Фатмир Битиќи мора да им кажат на граѓаните дали Македонија е загрозена со кражбата на документи кои Фатмир Битиќи не смеел да ги чува во свој посед. Воедно го повикуваме ЈО да поведе постапка против Битиќи. Одговорност мора да има“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ