„Партијата на пензионери да не ја лаже и манипулира јавноста. Партијата на пензионери не може да излезе од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ од едноставна причина што никогаш оваа партија не била дел од истата.
Но точно е дека оваа партија пред само неколку месеци излезе од коалицијата со СДСМ. Со зачуденост гледаме на нивното постојано променливо однесување“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.






