четврток, 9 април 2026
Локални избори 2025

ВМРО-ДПМНЕ освои 550, СДСМ 230 советнички места

ВМРО-ДПМНЕ на овие локални избори има подобар резултат од локалните избори одржани во 2021 година. Тогаш во првиот круг ВМРО-ДПМНЕ освои 22 градоначалници во првиот круг, а сега во прв круг доби 33 градоначалнички места. На овие избори ВМРО-ДПМНЕ освои 550 советнички места во општинските совети, а СДСМ освои 230 советнички места.

Објавено на

часот

Сподели

ВМРО-ДПМНЕ победи во следните 33 општини: Берово, Битола, Босилово, Бутел, Василево, Вевчани, Велес, Гази Баба, Гевгелија, Ѓорче Петров, Градско, Делчево, Демир Хисар, Зелениково, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Кисела Вода, Кратово, Новаци, Ново Село, Охрид, Петровец, Пехчево, Прилеп, Радовиш, Ресен, Свети Николе, Сопиште, Старо Нагоричане, Струмица и Штип.

Оваа партија е во водство во Валандово, Дојран, Конче, Демир Капија, Неготино, Виница, Зрновци, Македонска Каменица, Кочани, Чешиново-Облешево, Пробиштип, Ранковце, Карпош, Аеродром, Брвеница, Македонски Брод, Кичево, Дебрца, Могила и Град Скопје, каде што Орце Ѓорѓиевски води околу 3:1 во однос на второпласираниот кандидат.

„Историскиот резултат од овие избори, покажува дека граѓаните го направија вистинскиот избор за секое, маало, за секоја општина, за државата да продолжи да се движи напред. Оваа историска победа и доверба од граѓаните за ВМРО-ДПМНЕ и за избраните градоначалници и советници, претставува чест, но и обврска да продолжи посветената работа за развој и напредок на Македонија. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи посветено, често и принципиелно да работи во интерес на граѓаните“, соопшти партијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ