четврток, 26 март 2026

ВМРО-ДПМНЕ: „Освежување“ на СДС со истрошени и докажани лојалисти на дуото Заев-Филипче

СДС како партија е „кукла на конци“, која се движи според агенда поставена од други, наместо од сопственото членство или јавностa. Филипче е лидер без кредибилитет, под целосен диктат на Зоран Заев, кој не може да ја консолидира СДС, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, партија која за новите членови на ЦО на СДСМ вели дека се стари, истрошени и докажани лојалисти на дуото Заев-Филипче.

Објавено на

часот

Сподели

„СДС е партија во ерозија, маргинализирана опозиција, а Филипче ја сведе партијата на петто место во Скопје и трета партија во државата со под 100.000 гласа. Филипче ја води СДС кон пропаст и целосно исчезнување додека по насока на Заев оди на средби во Ниш со Милјан Шчекиќ и во Грција со Башановиќ да договара пи-ар стратегии кои се промашени и пропаднати.

Пи-арот на СДС е под надворешно влијание под палката на Башановиќ, екс-советникот на Зоран Заев и неговиот соработник Милјан Шчекиќ. Се поставува прашањето, за какви интереси работи СДС и какви агенди спроведува?

Филипче е синоним за криминалното владеење на Заев. Додека СДС беа на власт, три пати ја зголемуваа акцизата, и сакаа да воведат и еколошка такса, со која дополнително ќе се зголемеа цените на горивата. Сега цените на горивата во Македонија, со интервенција на Владата и заложбите на претседателот Мицкоски, се останати исти како и минатата недела, додека во сите држави во регионот и пошироко се зголемени неколкукратно.

СДС додека беа власт го зголемија ДДВ-то за голем број прехранбени производи, со што ја откочија спиралата за зголемување на сите цени на производите. Инфлацијата во време на СДС и ДУИ беше двоцифрена.

Заради погрешните економски политики кои ги спроведуваше власта на СДС и ДУИ и кои ги оставија граѓаните да живеат со 150 денари на ден, а државната каса ја испразнија, сега Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ враќа наталожени долгови во висина од 2.5 милијарди евра.

Исто така, СДС го колабираше и енергетскиот сектор, граѓаните плаќаа енормно високи сметки за струја додека кланот Заеви и Филипче профитираа од нивните фамилијарни бизниси.

Денес АД ЕСМ ги задоволува потребите на граѓаните и конзумот и продаваат струја навечер, со што имаме дополнителни приходи од страна на потрошувачите.

СДС е тотално без концепт, а изјавите на Филипче се како теоретичар на заговори,  Филипче се скара со сите дома, а сега се обидува да ја скара Македонија и со стратешките партнери. На Филипче и СДС им пречи соработката и пријателствата што ги гради Македонија со стратешките партнери.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да гради пријателства и соработки со други земји, со цел подобро да ја позиционира Македонија на меѓународен план. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи транспарентно и отчетно, се креираат мерки и решенија кои ќе го олеснат животот на граѓаните и ќе го подобрат животниот стандард.

Да им честитаме на новите членови на одборот на СДС, се трудевме навистина но не можевме да забележиме ниту еден нов лик. Очигледно овие ликови се од некое затурено ливче од патувањата по Белото Море со јахтата на Заев и Филипче. Честито СДС, не можевте да го пробиете дното посилно од ова што го правите сега“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ