„Очекуваме огромна победа во секоја општина во која имаме кандидат за градоначалник. Очекуваме убедлива победа во Скопје“, рече тој.
„Знаеме дека граѓаните очекуваат резултати, ние таа доверба нема да ја изневериме. Од утре продолжуваме со работа, со уште поголема посветеност и одговорност“, додаде Манасиевски.
Тој ги оцени изборите во вториот круг како фер и демократски избори.
„Македонија имаше европски избори после долго време. Со гордост можеме да кажеме дека Македонија покажа зрелост и помина низ мирни избори“, додаде Манасиевски.






