недела, 14 декември 2025

ВМРО-ДПМНЕ објави нови 16 кандидати за градоначалници, за Кисела Вода сѐ уште нема одлука

Вечерва Извршниот комитет (ИК) на ВМРО-ДПМНЕ одржа редовна седница на која се дискутираше за состојбата во државата, а на која беа избрани уште 16 кандидати за градоначалници. За општините Куманово и во Центар ИК реши да бидат поддржани кандидатите кои ќе ги предложи коалицискиот партнер ЗНАМ. За Општина Кисела Вода пак, ВМРО-ДПМНЕ сѐ уште размислува кого да кандидира. Генералниот секретар на партијата, Ѓорѓија Сајкоски кажа дека за оваа Општина анкетите сѐ уште траат.

Објавено на

часот

Сподели

Кандидати на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник се, во Општина Сопиште, Јане Мицески, во Кичево, Александар Јованоски, во Крива Паланка, Оливер Алексовски, во Маврово-Ростуше, Онер Јакупоски, во Кривогаштани, Сашо Граоркоски, во Шуто Оризари, Ерџан Демир, во Крушево, Нико Чонески, во Валандово, Ѓоко Камчев, во Виница, Митко Костадиновски, во Демир Хисар, Никола Најдоски, во Чешиново-Облешево, Јордан Костадинов, во Радовиш, Љупчо Почивалец, во Чашка, Дејан Андоновски, во Прилеп, Дејан Проданоски, во Струмица, Петар Јанков и во Неготино, Марија Нацева.

„Убедени сме во сопособноста на секој еден избран кандидат. Тоа се луѓе кои се докажани во своите области и сектори на работа. Секој еден кандидат е почитуван воп населеното место од кое доаѓа и важат за искрени, чесни и работливи луѓе. Луѓе кои го држат дадениот збор и кои ќе бидат вистински татковци на градот. Кандидатите за градоначалници имаат навистина одлична можност, да го продолжат вистинскиот пат кој ние го започнавме и го водиме овие четири години како локална и една година како централна власт“, рече генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски.

„Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ заклучи дека оди на уште една историска победа на претстојните локални избори. После ова, нѐ очекува многу работа и посветеност за секое место“, рече Сајкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ