понеделник, 26 мај 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Нови авио дестинации, Владата вложува во развој

Политиките во авиосообраќајот даваат резултати, за само неколку месеци десетици нови дестинации од двата домашни аеродроми и преговори за десетина нови авиолинии за подобар квалитет на животот на граѓаните. На скопскиот аеродром слетаа првите авиони на ново воведените линии Барселона – Скопје и Лион – Скопје. Директни летови од Шпанија, Барселона 2 пати неделно и од Франција, Лион 3 пати неделно, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на

часот

Сподели

„Политиката на субвенции што ја води Владата и Министерството за транспорт ги даваат првите резултати. Нови дестинации, за уште многу патници на скопскиот и охридскиот аеродром, нови можности, развој на бизниси, повеќе туристи.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на привлекување на нови авиокомпании и нови авиолинии. Во фокусот е развој на авиосообраќајот и зголемување на конкуренцијата на домашните аеродроми.

За само неколку месеци владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ успеа да овозможи десетици дестинации од двата домашни аеродроми, се вложува во воздушниот сообраќај и се создаваат поконкурентни услови за патување и нови дестинации за граѓаните. Исто така се преговара за уште десетина нови авиолинии.

Скопје директно се поврза со Париз, со нова авионска линија Скопје-Париз (аеродром Орли). Се воведе нова авио линија Охрид-Истанбул. После 12 години повторно се врати линијата Скопје-Амстердам.

Нов чартер лет од Германија со кој најмалку 200 туристи секојдневно ќе ја посетуваат Македонија. Две нови авиолинии од Меѓународниот аеродром Скопје и тоа: Скопје -Женева, која ќе започне да оперира од 3 ноември 2025 и Скопје-Париз (аеродром Орли).

Претходно се потпишаа и договори за воведување на линиите: Охрид – Истанбул, Охрид – Базел Мулхаус, Скопје – Дубаи, Скопје – Штутгарт“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ