Така, во периодот 2019-2021 година, или златната ера на тендерските шеми на Заев и Филипче, отпишани се 2.000 тони јачмен и пченица во вредност од околу 800.000 евра од стоковите резерви. Пченицата инаку била во употреблива состојба, па направен е записник кој го негира тоа, и донесен на владина седница, кога Филипче е дел од владината структура.
За да се прикрие ова, се склучуваат два тендери за набавка на 20.000 тони со соседна држава за да се пополнат дупките во залихите.
Заев, Филипче и Николовски ги убедуваа граѓаните дека сѐ под контрола, дека сѐ функционира професионално, но за ова трио тоа значеше само дека внимателно си ги контролираат тендерите.
И сега, како може СДС да се реформира кога самиот лидер е дел од истите шеми за кои избегнува да зборува?
Наместо да се оградат, СДС го продава Филипче како ново лице на опозицијата и партијата ќе продолжи да тоне бидејќи не може човек кој не ја заштити државата кога беше на власт, сега да дели совет додека е во опозиција“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.






