„Дали не треба кривично да одговараат што крадеа народни пари од СЈО без мера за да вршат политички прогон и хајка?
Дали заборавија на изјавите и сведочењата на нивната колешка Лејла Кадриу за тоа дека екс премиерот Зоран Заев и вицепремиерката Радмила Шекеринска оделе во СЈО навечер и лично селектирале предмети кои треба да бидат обработувани согласно нивните политички мотиви?
Дали заборавија дека на чело на оваа политички инструирана и скапо платена багра која ја закопа правдата и амнестираше милионски криминали на Заев, стоеше осудената за рекет Катица Јанева?
Ленче Ристоска исто како и сите гореспоменати беа дел од истиот апарат кој ја погребуваше правдата“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.






