понеделник, 8 декември 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Монструозна политичка злоупотреба на трагедијата во Кочани од инсталациите на Филипче

 

 

Објавено на

часот

Сподели

„И човекот кој е татко на смртта на неколку десетици илјади починати од ковид кризата, каде тој како прв човек на здравството доживеа фијаско. Нема солза која не ја злоупотреби од родителите на починатите од Кочани и нема приказна која не ја изврте на жртвите од Кочани.

Тие и нивните инсталации и платеници имаат посебно чувство на задоволство кога злоупотребуваат вакви трагедии. И тоа силно го осудуваме. Ако сака Венко да направи разлика, тогаш нека излезе јавно да се извини и осуди ваквата омраза која тој ја стимулира“, бараат од ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата остро реагира на срамниот, злонамерен и монструозен обид за политичка злоупотреба на трагичните настани во Кочани преку дистрибуција на фотомонтажи и лажни обвинувања кон претседателот на Владата и други функционери.

„Овие содржини беа објавени на интернет страницата ubijcitenakocani.com. Според јавниот WHOIS-извештај објавен на whois-страницата, доменот е регистриран вчера. Од WHOIS-записот не се гледаат јавни детали за вистински регистрант или за крајни сопственици. Ова јавно отсуство на податоци, во комбинација со именуваните name servers и регистратор, укажува на обид за анонимност и за прикривање на вистинските нарачатели и сопственици на сајтот, што дополнително ги засилува сомнежите дека станува збор за намерна, организирана кампања, со цел политичка манипулација и сокривање на траси кон вистинските иницијатори“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

За партијата нема сомневања дека зад ваквите обиди стојат структури блиски до Венко Филипче и неговите инсталации, кои со години ја злоупотребуваат политиката и јавниот простор за лични и партиски цели.

„ВМРО-ДПМНЕ повикува на итна реакција на надлежните институции. Не сакаме да веруваме дека некој сака по уште еден пат да предизвика болка, овојпат преку гнасна политичка злоупотреба на оваа трагедија. Зарем Обвинителството ќе остане немо на вакви содржини, кои директно шират омраза, дезинформираат и претставуваат закана за безбедноста на луѓето? Дали институциите ќе ги испитаат регистраторските траги и ќе утврдат кои стојат зад анонимниот сајт и кој ги нарачал овие монструозни материјали“, соопшти партијата.

Јавноста мора да знае дека обидот да се оцрни политичкиот противник преку вакви монструозни конструкции не е ништо друго освен признание за немоќ и недостаток на идеи, се додава во соопштението.

„Болката на семејствата мора да остане света и недопирлива, а не инструмент за најниска политичка злоупотреба. ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на демократијата, дијалогот и решавањето на проблемите на граѓаните преку одговорни политики, а не преку ширење на омраза и лаги“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Додека Мицкоски прави проекти, Венко нуди пожари, додека Владата се бори за развој и правда, креаторите на сликата подолу нудат црнила и лаги. И тоа е еден ист центар“, реагира директорот на Службата за општи и заеднички работи Ивица Томовски на монтажата во која премиерот Христојан Мицкоски е обвинет за трагичниот пожар во Кочани.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ