вторник, 16 декември 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Молк во СДС за златните визи, за Дубаи, за Харис на увце, за јахтата, за облакодерот, за бизнисите во Бугарија на Заев и Филипче

Како и многу пати досега, СДСМ пак избра да молчи кога станува збор за скандали во кои е фатен неговиот претседател, Венко Филипче, заедно со поранешниот претседател Зоран Заев, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на

часот

Сподели

„После златните визи, инвестициите во 50-катницата, приватната забава во луксузен хотел во Дубаи на која на уво им пееше Харис Џиновиќ, сега Филипче и Заев заедно уживаат и крстарат на луксузна јахта по Егејското Море. Неколку дена ги прашуваме СДСМ и Филипче да дадат коментар за овој скандал. Да кажат дали јахтата е на Заев и чини 850.000 евра и со кои пари е купена, дали можеби со пари од државни тендери?. Но, тие збор не кажуваат“, се вели во соопштението.

„Молкот може да значи потврда на поставените дилеми. Но, СДСМ и Филипче им должат одговори на македонската јавност, особено откако за време на нивната власт народот го осиромашија, а државата ја донесоа на работ на банкрот. СДСМ и Филипче се должни да одговорат, особено што со Заев го продолжуваат блискиот и партнерски бизнис однос, така што во Бугарија имаат фирми на иста адреса, а нивните браќа имаат заедничка фирма за производство на струја. Дополнителна причина за што должат одговори е тоа што фирмата на Заеви во Бугарија, каде комшија е Филипче, е поврзана со тендери во Македонија, а можеби со пари од овие тендери е купена и луксузната јахта“, се вели во соопштението.

„Врските и бизнис зделките на Филипче со Заев се безбројни и затоа на македонската јавност им должат одговори. Ако продолжат да молчат, СДСМ и Филипче само ќе потврдат дека се фатени инфлангратно во скандал и во луксузни уживања со пари спечалени на сомнителен начин, а можеби и од државни тендери“, додава ВМРО-ДПМНЕ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ