„Она кое што го лоцираат во извештајот е дека со измените на Кривичниот законик се создала пречка во ефективната борба против корупцијата. Но, што да се очекува од една корумпирана власт како оваа на ДУИ и СДС, освен да ја опструира борбата против криминалот. Малку им беше тоа, па извршија и сериозна партизација и притисок во правосудството, кое го донесоа до ниво од само 1% доверба меѓу граѓаните.
Овој неславен рекорд покажува дека за да се осигураат дека нема да одговараат, високите функционери од ДУИ и СДС ги вдомија своите роднини и партиски пријатели во судството и обвинителството, за да може да им ‘врви бизнисот’. Впрочем за состојбите и во судството и во полето на борбата против корупцијата најдобар показател е извештајот на ЕК, кој прави целосна вивисекција на криминалната власт на ДУИ и СДС.
Во Македонија никогаш не било полошо, отколку сега со власта на ДУИ и СДС. Затоа е важно да ги поразиме“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ: Македонија без напредок во борбата против корупцијата, ДУИ и СДС се главна пречка

Објавено на
часот





