недела, 14 декември 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерно е СДСМ да зборува за младите, откако претходно седум години беа заборавени

Лицемерно е после ветувањето за студентските градови и домови низ државата, СДС да зборува за младите. Ниту со прст не мрднаа, ниту еден проект не реализираа за младите. Единствено одредени млади купуваа трговци центри, а останатите си заминуваа, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, како одговор на обвинувањата од СДММ дека „Владата ги изневерила младите“..

Објавено на

часот

Сподели

„СДС ги остави младите и студентите понижени и посрамотени, откако им ветуваа брда и долини на истите. Од студентски градови и домови, до покачени стипендии и поддршка. Не само што ништо не исполнија, туку и дел од овие ветувања и ги укинаа.

Затоа младите и не им даваат поддршка на СДС и јасно ќе го повторат тоа на претстојните локални избори. Младите знаат кој е нивниот вистински партнер, а тоа е Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во дел од соопштението се наведуваат мерките што досега ги презела Владата во интерес на младите.

„Ваучери од 250 евра за електронски уреди за сите студенти, 10 илјади евра за отпочнување сопствен бизнис, 10 илјади евра за млад земјоделец, во текот на мандатот ќе бидат реконструирани 9 студентски домови низ државата, реконструкција на ФИНКИ и на ФФК, како и спортската сала во кругот на УКИМ. Се покачуваат стипендиите за студентите, се прошири опсегот на субвенциониран студентски оброк, нов факултет во Штип и студентски дом, се дел од проектите кои Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги презема по само една година владеење, за поддршка и стимулирање на младите.

Ова е само дел од огромната разлика која ја правиме во однос на младите. Ако претходно младите гледаа излез од оваа држава, сега имаат надеж дека може подобро и дека можат да останат и да творат тука“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ