сабота, 3 мај 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Колку чини златната виза на Заеви за Дубаи?

Нема ниту еден демант ниту пак реакција од СДС да кажат кој е патот до поседување на златна виза во Дубаи. Да објаснат на кој начин и со кои инвестиции има златна виза во Дубаи семејството Заеви, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на

часот

Сподели

„Како со административна плата, па бил и премиер, Заев стигнал до златна виза во Дубаи? Колку милиони чини и на кој начин се стекнати?

Дали е точно дека со оваа афера е поврзан и лидерот на опозиција и привремен чувар на местото претседател на СДС, Венко Филипче. Дали Венко Филипче поседува виза за Дубаи?

На кој начин ја стекна, имајќи предвид дека цел живот е на административна плата без ден работен стаж во приватен бизнис? Додека велеа дека ја спасувале Македонија, тие ги спасувале милионите.

СДС е синоним за криминал, неспособност и предавства“, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ