„Ги повикуваме доколку имаат какви било докази за некаква вмешаност на поединци од власта во случајот со 5 тони дрога веднаш да ги достават до ЈО, во спротивно ќе добијат тужба. На СДС најлесно им е да растураат пердуви во јавноста, и потоа да немаат никаква одговорност. Провери ли СДС во фабриката за марихуана кај Заев? Зошто имало камиони без таблици во таа фабрика? Зошто Заев лично ѕвонел на телефони во Царинската управа и се интересирал за случајот со марихуана? Каква е улогата на Вице во целиот случај?“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму додаваат дека СДСМ мора да разбере дека ако нивни членови краделе, ВМРО-ДПМНЕ не краде.
„СДС е синоним за криминал, корупција и неспособност, ВМРО-ДПМНЕ е синоним за чесност, работа и дела“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.






