„Лаги и менување на ставови на дневна основа, правеше неговиот ментор, Зоран Заев. Филипче како чирак и ученик на Заев, продолжува по неговите стапки. Ем лаже, ем манипулира, ем златна виза за Дубаи.
Македонската јавност заслужува одговори. Филипче мора да одговори на тоа од каде му е златна виза и како дошол до неа? Дали има приватен бизнис кој го крие од јавноста? Дали можеби Филипче има удел во бизнисот на Заев за градење 50 катница во Дубаи?
Филипче и Заев треба да се минато во македонската политика и да одговараат за нивните предавства и криминал. Филипче, Заев и СДС се синоним за неспособност, криминал и предавство“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.