недела, 13 април 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Кога станува збор за негова корист на Апасиев не не му пречат извршителите

Апасиев кој е против извршителите, повторно докажува во јавноста дека е дволичен и дека нема став за ниту една работа во државата. Тој падна толку ниско, што си го скрши дадениот професорски збор само за да добие нешто во негова корист од извршителите. Апасиев и Левица, заедно со извршителот кој работи и со Дрин Ахмети, внукот на нивниот коалициски партнер, Али Ахмети, купиле деловен простор во центарот на Скопје за три пати пониска цена од пазарната, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Објавено на

часот

Сподели

„Најверојатно по препорака на Ахмети, Апасиев добил контакт од извршителот Андреја Буневски, за да се договорат да си купи деловен простор од 409 м2, преку одземен имот од граѓани или од фирма, која паднала финансиски и не можела да го исплаќа кредитот.

Институциите треба да се позанимаваат со тоа како Апасиев купил простор за три пати пониска цена од пазарната и дали постои некаков скриен договор меѓу Апасиев, извршителот и банката? Апасиев и Левица со ова само ја потврдуваат тајната коалиција со СДС и ДУИ, која очигледно продолжува да работи во рамки кои се надвор од законските норми.

Со ова се покажа вистинското лице на Апасиев и Левица. Нив не ги интересира подобар живот за граѓаните, проекти, инвестиции и слично, нив ги интересираат само канцеларии за ич пари, скапи коли и скапи станови“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ