недела, 28 декември 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Кога нема пари и функции, Османи и Ахмети, почнуваат да се кријат зад етничкото знаме

Кога ДУИ не може да краде и кога конечно мора да одговара за криминалот, тогаш започнува врескањето: „нема правда за сите“, „загрозени се меѓуетничките односи“, „Албанците се на удар“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на

часот

Сподели

„Ова е старата и одамна потрошена матрица на Ахмети, Османи и нивните луѓе, секогаш кога им се сече гранката на криминалот и корупцијата, кога повеќе нема тендери и рекет, тогаш наеднаш стануваат „заштитници на Албанците“ и „бранители на меѓуетничките односи“. Во превод, кога нема пари и функции, тогаш почнуваат да се кријат зад етничкото знаме. Но вистината е јасна, 20 години ја цицаа државата, беа недопирливи и без одговорност. Денес дел од нив бегаат, дел се кријат, а дел се тресат од страв од апсење, затоа што знаат што направиле“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ