понеделник, 15 декември 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски, СДСМ и ДУИ се штитат меѓусебе

СДСМ ги штитат корумпираните обвинители и судии бидејќи им овозможуваат закрила на нивните функционери. Клиентелизмот на јавниот обвинител Љупчо Коцевски е гаранција за заштита и неказнивост на функционерите од СДС и ДУИ, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на

часот

Сподели

„Поддршката што Коцевски ја доби од Филипче е меѓусебна заштита која ја гуши правдата во државата. Бидејќи доколку падне Коцевски, ќе се отворат врати за истраги како против Филипче така и за останатите функционери од СДСМ и од ДУИ. СДСМ со негласањето на интерпелацијата целосно се разголи, и на виделина пред јавноста излезе спрегата помеѓу СДСМ, ДУИ и Коцевски. Очигледно е дека СДСМ и ДУИ стојат зад заштитата на Коцевски, кој за возврат не презема ништо за наводните злоупотреби и сомнежи за висока корупција како и за сомнителни тендери поврзани со Филипче, Заев и со Ахмети. Со одбивањето да ја поддржат интерпелацијата, СДСМ и ДУИ јасно покажаа кој го поставал Коцевски и кој го одржува на функцијата јавниот обвинител.

Сѐ додека Коцевски е на позицијата, довербата во правосудството ќе биде помала од 2%, а одговорност за криминалите поврзани со СДСМ и ДУИ нема да има. Доколку постои грам морална одговорност кај Коцевски, треба да ја препознае пораката од јавноста и да поднесе оставка. Во Македонија неопходно е правдата да завладее, неопходни се коренити реформи и трансформација на судскиот систем“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ