„Нивните дела зад завесата далеку од очите на јавноста, целосно ја демантираат нивната, и така празна, реторика. Тие се целосно разобличени и демаскирани. Додека Јована Мојсоска и Левица на граѓаните им продаваат евтини приказни дека се чесни, скромни и неподмитливи луѓе, тие зад завесата инкасирале пари од партиската сметка.
Информациите кои пристигнаа до нас од свиркачи од Левица, го покажуваат вистинското лице на Мојсоска, дека едно зборува пред камери и друго прави далеку од очите на јавноста.
Информациите говорат дека Мојсоска на 26 април 2024 земала 123.000 денари, а на 3 февруари 2023 земала 96.862 денари. Додека пак, само годинава во месеците јуни и јули, кога е пратеник во македонското Собрание, земала на три пати по 54.000 денари.
И Мојсоска не е изолиран случај, целото раководство на президиумот на Левица си го покажаа вистинското лице и нивното лицемерие, кога пред граѓаните се претставуваат како скромни и луѓе од народот, а зад нив од сопствената партија инкасирале и ставале во џеб пари, налик на патни трошоци.
Оттука ја прашуваме Мојсоска и останатите од Левица, зошто посегнуваат по партиските пари, нели е повеќе од доволна пратеничката плата? Нели е лицемерно, да од една страна глумите некакви аскети, а од друга страна ја цедите својата политичка партија? Но, вистинското лице на Мојсоска и останатите од Левица е разобличено и демаскирано, никој веќе не им верува“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.






