четврток, 18 декември 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Каде завршија 2 милиони евра украдени од Лотарија во време на СДС и ДУИ?

Криминалот на СДС и ДУИ во македонска Лотарија доби уште една институционална потврда. Државниот завод за ревизија констатира серија сериозни нерегуларности во финансиското работењето на институцијата под раководството поставено токму од СДС и ДУИ. ДЗР утврди дека постои злоупотреба на 2 милиони евра, пари на граѓаните кои Перпарим Бајрами и Артан Груби ги фалсификувале, злоупотребиле или прикриле. И сето ова се случувало додека СДС слепо и немо го одобрувале криминалот и злоупотребите на експонентите на ДУИ, како лицата во бегство Груби и другар му Бајрами, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на

часот

Сподели

Јавноста заслужува да знае, со кое право СДС го прикривале криминалот на кадарот на ДУИ и зошто обвинителството толку време не постапувало, иако како ВМРО-ДПМНЕ долго време наназад, јавно баравме одговорност и за други предмети поврзани со Лотарија.

Извештајот на ДЗР е само уште една потврда во низата за начинот на кој СДС и ДУИ раководеа со државните институции. Ги уништија претпријатијата, ги испразнија буџетите и ги испокрадоа парите.

Сега веќе го нема нивниот обвинител Љупчо Коцевски за да ги штити и одговорност како за ова и за останатите криминали мора да има“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ