„Тоа што ВМРО-ДПМНЕ го зборуваше, сега го кажаа и од ЕУ, односно еврокомесарката Марта Кос, потврди дека нема гаранции дека ова се последните бугарски барања. Еврокомесарката Кос кажа дека не може да потврди дека нема да има нови блокади заради билатерални прашања. Каде се СДС сега? Каде се сокрија? Откако ја доведоа државата во безизлезна ситуација тие се кријат и молчат“, рече Манасиевски.
ВМРО-ДПМНЕ: Каде се СДС? И од Брисел потврдија дека ова не се последните бугарски барања
Димитар Ковачевски како премиер и претседател на СДС тврдеше дека уставните измени се последна пречка за влез на Македонија во ЕУ. СДС водеше кампања со која нѐ убедуваше дека само што не сме влегле во ЕУ, а пречка за тоа се уставните измени, после кои се ќе се смени. ВМРО-ДПМНЕ уште тогаш кажа дека СДС, Ковачевски, Маричиќ, Зечевиќ и Османи лажат. И дека уставните измени се само почеток на бугарските барања, изјави денеска Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на
часот