недела, 21 декември 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Јакимовски не може да биде изборот на карпошани, тој е на црната листа на САД

Стевчо Јакимовски е лице ставено на црната листа на САД за криминал и корупција. Јакимовски е јавно обележан од нашите стратешки партнери  како лице вклучено во криминални активности и корупција. Стејт Департментот прецизно наведува дека Јакимовски со неговото службено својство како градоначалник на општина Карпош, бил вклучен во коруптивни дејствија, вклучително и користење на својата службена положба за мешање во урбаниот развој и процесите на набавки за да имаат корист за себе и за неговите соработници, се наведува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на

часот

Сподели

„САД јасно прецизира дека Стевчо Јакимовски како градоначалник ја злоупотребил функцијата за личен бенефит. Јакимовски се мешал во урбанизмот и јавните набавки не за интерес на граѓаните, туку за личен профит и бенефит. Стефчо Јакимовски местел тендери  и прекројувал ДУП-ови за интересите на урбаната мафија. Јакимовски, човек со такво досие, означен од САД како закана по демократијата и владеење на правото нема што да бара на чело на Карпош. Јакимовски е срам за функцијата што ја извршува. Карпош не смее да биде заложник на човек што е симбол на корупција“, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ