сабота, 13 декември 2025
Локални избори 2025

ВМРО-ДПМНЕ има 54 градоначалници, во 4 општини ќе се гласа за 60 дена

Според, сè уште неофицијалните резултати од вториот круг, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ на Локалните избори 2025 има освоено 54 градоначалнички места, а втора коалиција со освоени 9 градоначалнички позиции е Вреди.

Објавено на

часот

Сподели

Опозициската СДСМ, на овие избори успеа да добие 6 градоначаници, ДУИ – 4, додека Движењето ЗНАМ и Унија на Ромите, добија по едно градночалничко место. Менди Ќура, како независен кандидат предложен од група избирачи, стана градоначалник на Струга.

Во четири општини – Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово и Ростуше денеска немаше гласање. Причината е недоволниот одѕив на гласачи во првиот круг, поради што ќе се спроведе нова изборна постапка во рок од 60 дена од објавувањето на конечните резултати од Локалните избори 2025.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ