среда, 14 јануари 2026

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ наместо на лидерска, седнаа заедно на маса во Крушево, за Василица

За Василица треба да има што повеќе заедништво и взаемна почит, напиша пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ и потпретседател на Собранието, Антонијо Милошоски на неговиот фејсбук профил и објави слика заедно со пратеникот на СДСМ и поранешен премиер, Димитар Ковачевски од заедничката прослава на христијанскиот празник Василица (Стара Нова година).

Објавено на

часот

Сподели

Изразувајќи благодарност до отец Тони Кузманоски за поканата, Милошоски уште напиша дека на заедничка маса, традиционално според христијаснките обичаи, се делел мазник со паричка.
„По благослов на митрополитот крушевски и демирхисарски г. Јован, се делеше мазник со паричка, каде што како овогодинешниот кум, јас му го предадов кумството на пслатот Благојче Кузманоски. На овој убав настан присутни беа градоначалниците на Крушево и Демир Хисар, Нико Чонески и Никола Најдовски , заменик министерот за економија Марјан Ристески, пратеникот Димитар Ковачевски, како и претставници од општинските институции. За многу години да ни се празниците!“, напиша Милошоски на неговиот фејсбук профил.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ